Зградата на Водовод ќе останеше без темели

Од:

Нарекувајќи го проектот „Скопје 2014“ пералница на пари, СДСМ ги обвинуваат градските власти кои иако ќе потрошат 10 милиони евра за новата барокна административна зграда на „Водовод и канализација“, ги заборавиле темелите на објектот.

Бирото за јавни набавки објавило известување за склучен нов договор помеѓу „Водовод“ и австриската фирма „Алпине“, заради непредвидени и дополнителни работи настанати при изградбата на новата управна зграда, во износ од 12 ипол милиони денари или 203 илјади евра.

„Скандалозно, го предвиделе барокот, ама ги заборавиле темелите! Верувале или не анексот е склучен за темелите за новата барокна зграда на скопскиот водовод“-изјави Александар Наумоски, заменик координатор на советничка група во Град Скопје

Од СДСМ обвинуваат дека во ваква економска состојба, ова е финансиско злосторство бидејќи ова е најскапата зграда во Скопје, за чие градење граѓаните по квадрат ке платат над 2 илјади евра.

Според нив, со овие пари можеа да се изградат најмалку 100 километри нова водоводна мрежа во Скопје.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Левица: Скопје беше кренато од урнатините – денес го затрупуваат дивоградби и корупција

(ВИДЕО) Невремето го покоси Скопје: Оштетени „Вила Водно“, зградите на министерства, Обвинителство

Син уби татко во Скопје

А1он