Зголемено нивото на реките, неколку се излеани

Од:

Обилните врнежи од дожд и топлото време кое предизвика топење на снегот предизвикаа зголемување на водостоите на реките кои се над просечните вредности за овој период од годината.

Од Управата за хидрометеролошки работи информираат дека позначително зголемување на нивото на водата е забележано во западните и југоисточните делови на државата, а особено во сливните подрачја на реките Црна и Треска каде водостоите се очекува да се зголемуваат и во текот на денешниот ден. На некои места во Пелагониската котлина можно е заезерување на обработливите земјоделски површини поради зголемувањето на нивото на подземните води.

Поради пообилните врнежи во источниот дел од земјава се очекува зголемување на нивото на реките. Како критични подрачја каде е можно значително зголемување на водостојот и локално излевање на водата од речните корита ги посочуваат сливот на Брегалница, Крива река, Треска кај месноста Пласница и низводно до Девичката клисура, Пчиња кај Пелинце и по составот со нејзината лева притока Крива како и струмичкиот регион.

Во текот на денешниот ден нагло зголемување на водостојот има на Црна Река како во горното, така и во средното течение на реката. Водостојот на водомерната станица во Новаци за само неколку часа се зголеми за 30 см, а исто така и на хидролошка станица во с.Доленци каде водостојот се зголеми за 15 см. На Пчиња регистрирано е покачување на нивото на водата за 25 см кај „Пелинце“, додека во долното течение кај Катлановска Бања водостојот се зголеми за 8 см.

Поради топење на снегот зголемување на водостојот се очекува и на водотеците кои доаѓаат од пределот на планината Кожуф и притоките на Вардар во нејзиното долно течение.

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

Се стабилизира состојбата по обилните врнежи во земјава

ЦУК алармира: Дождовите предизвикаа сериозни проблеми низ земјава

Горан Наумовски

ЦУК: Поплавени се земјоделско земјиште, дворови, куќи, помошни објекти и магацини за складирање на јаболка во Ресен

Поплави во Албанија, загина комунален работник

А1он

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар