Зголемените сообраќајни контроли даваат резултати, порача Спасовски

Од:

Проектот за поставување камери на крстосници и „боди камерите“ на полицајците е еден од најголемите предизици и ставот, и мој, и на МВР, секогаш кога ќе се создадат услови да се исклучи субјективноста на луѓето што учествуваат во контрола на сообраќајот, тогаш ќе имаме најголеми ефекти, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

– Токму заради тоа направивме еден пилот проект започнат во 2016 година, а тоа е во автопатската сообраќајна полиција, каде се имплементираше проектот за поставување „боди камери“. Во моментот се имплементираат во СВТ Тетово, СВР Скопје и СВР Куманово и продолжуваме со имплеметнирање на овој пероект на целата територија на државата, информира министерот Спасовски.

Тој додаде дека се направени целосни анализи за тоа каде и колку треба да бидат поставени камери што практично ќе контролираат сообраќајни прекршоци, зголемена брзина на движење итн… на цела територија да се опфатат сите автопатишта, сите магистрални и регионални патишта, да имаме мобилни системи.

– Бидејќи е завршена оваа фаза сега ќе применеме кон носење одлука за распишување јавни повици и за имплементацијата на целиот овој проект. Тоа е една од задачите што ја имаме и во мандатното писмо од страна на Владата за да го имплементираме и конечно да бидеме и потранспарентни и неселективни во делот на постапувањето и секој кој прави сообраќаен прекршок да знае дека ќе сноси одговорност, нагласи Спасовски.

На новинарско прашање дали се гледаат ефектите по засилените сообраќајни контроли, министерот Спасовски осврнувајќи на тоа дека околу две недели веќе се преземаат посебни разработени планови за сообраќајни контроли не само во Скопје, туку и на територијата на целата држава, потенцира дека прво се покажало оти немањето континуитет во работењето на сообраќајната полиција претставува сериозен проблем.

– Утрово имав брифинг на оваа тема, имаме намалување на сообраќајните незгоди во периодот во изминатите 10 дена, а тоа значи дека овие контроли даваат резултати, изјави Спасовски.

Тој порача дека ќе мора сериозно да се справуваме не само со зголемена брзина на движење во сообраќајот и не само со лица кои имаат користено алкохол и психотропни супставнци, туку, како што подвлече, сериозен предизвик ќе биде како и на кој начин да се реши проблемот со нерегистрирани возила и управувањето моторно возила без возачка дозвола.

– За тоа веројатно ќе биде потребна и одредена законска измена, што ќе придонесе да бидеме малку по ригорозни во овој дел и сето тоа да даде поголеми ефекти, изјави министерот за внатрешни работи.

Меѓу другото, Спасовски информриа дека во делот од законот за возење под дејство под алкохол, пркумерна брзина на движење, поминување на црвено… остануваат ригорозни санкции, а има намалување во друго законски делови што ќе дадат поголем ефект во делот на казнената политика. Според него, не секогаш високата казна може да даде очекуван ефект.

– За овие случаи во кои имаме би рекол најголема можност да настрадаат луѓето, да имаме тешки телесни повреди, да има губење на човечки животи, тука ќе бидеме ригорозни и затоа санкциите се предвидени на највисоко можно ниво, пораша министерот Спасовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка