Зголемена раздвиженост на граничниот премин Богородица

Од:

Продолжениот викенд, за прв пат од почетокот на пандемијата, ја зголеми сообраќајната раздвиженост на граничниот премин Богородица, што беше забележливо уште во текот на вчерашниот ден, потврдија утрово од дежурната гранична служба.

– Од отворањето на граничниот премин Евзони, на грчка страна, изминативе седум дена преку Богородица на дневно ниво транзитирале во просек по 1300 до 1400 патници на излез и влез во земјава, а само вчера тој број е зголемен за две илјади патници повеќе, што значи дека во двата правци низ ГП Богородица транзитирале 3500 патници од кои 2020 македонски и 1480 странски, меѓу кои најбројни биле државјаните на Србија, соопштија од дежурната гранична служба.

И денеска од утринските часови состојбата на ГП Богородица е непроменета. Интензитетот на преминување на границата е ист без поголема сообраќајна гужва поради разреденото пристигнување на возилата.

Според новиот протокол за влез во Грција, на македонските граѓани им е потребен вакцинален картон со поминати најмалку 14 дена од примена втора доза од вакцината, негативен ПЦР тест не постар од 72 часа, пополнет ПЛФ образец 24 часа пред тргнување на пат и дека пред четири дена грчките гранични служби почнаа да ги признаваат антигените тестови и потврдите за прележана болест.

Би можело да ве интересира

На „Табановце“ за влез во државата се чека 30 минути, а на „Богородица“ за излез околу еден час

ВИДЕО: Не се намалуваат гужвите на границите, најдолго се чека на Табановце-Прешево

Колони возила на „Богородица“ за излез од државата

ВИДЕО: Штрајкот направи хаос на границите, километарки колони на Евзони

Катерина Ѓуровски

Метеж на граница кон Грција – за излез од Македонија се чека околу два часа

А1он

На Богородица и на Дојран се чека за излез кон Грција