Зголемена раздвиженост на граничниот премин Богородица

Од:

Продолжениот викенд, за прв пат од почетокот на пандемијата, ја зголеми сообраќајната раздвиженост на граничниот премин Богородица, што беше забележливо уште во текот на вчерашниот ден, потврдија утрово од дежурната гранична служба.

– Од отворањето на граничниот премин Евзони, на грчка страна, изминативе седум дена преку Богородица на дневно ниво транзитирале во просек по 1300 до 1400 патници на излез и влез во земјава, а само вчера тој број е зголемен за две илјади патници повеќе, што значи дека во двата правци низ ГП Богородица транзитирале 3500 патници од кои 2020 македонски и 1480 странски, меѓу кои најбројни биле државјаните на Србија, соопштија од дежурната гранична служба.

И денеска од утринските часови состојбата на ГП Богородица е непроменета. Интензитетот на преминување на границата е ист без поголема сообраќајна гужва поради разреденото пристигнување на возилата.

Според новиот протокол за влез во Грција, на македонските граѓани им е потребен вакцинален картон со поминати најмалку 14 дена од примена втора доза од вакцината, негативен ПЦР тест не постар од 72 часа, пополнет ПЛФ образец 24 часа пред тргнување на пат и дека пред четири дена грчките гранични служби почнаа да ги признаваат антигените тестови и потврдите за прележана болест.

Би можело да ве интересира

Преминот „Евзони“ – „Богородица“ е затворен за сообраќај

Богородица и Меџитлија денеска повторно ќе бидат блокирани двапати по четири часа

Катерина Ѓуровски

Повторно блокади на Богородица и Меџитлија поради протестите на грчките земјоделци

Сообраќајот на Граничниот премин „Богородица“ од попладнево од 15 часот е нормализиран во двата правци

А1он

Повторно блокиран ГП „Богородица“, магла на планинските превои

Отворени за сообраќај „Меџитлија“ и „Богородица“ , магла на Ѓавато, Плетвар, Стража и Крушево