Зголемен сообраќајот на автопатиштата поради летните одмори

Од:

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини има зголемена фреквенција на возила, но нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

Изменет режим на сообраќај поради поставување канделабри има на делница Хиподром – Кадино, каде левата сообраќајна лента ќе биде затворена во времетраење од три месеци.

На патниот правец Неготино – Демир Капија, на делот од Неготино до местото викано Острово, сообраќајот се одвива по дел од новиот автопат во должина од четири километри. По овој дел сообраќајот пак се враќа на магистралниот пат Р103.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Поголема внимателност е потребна низ клисурите и засеците, каде што е можна појава на одрони.

Би можело да ве интересира

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска