Зголемен интензитетот на сообраќајот на магистралниот пат Гостивар – Кичево

Од:

По завршувањето на продолжениот празничен викенд во текот на денов и вечерва зголемен е интензитетот на сообраќајот на патниот правец Гостивар – Кичево, особено во правец кон Гостивар.

Од СВР Тетово за МИА изјавија дека заради избегнување на сообраќаен метеж се преземени соодветни мерки на регулирање на сообраќајот.

– За да се избегнат застоите на овој дел од патот се врши физичко регулирање на сообраќајот близу Стража, кај мостот кој е во фаза на реконструкција, и на крстосницата која води за Маврово и Гостивар. Сообраќајот на оваа делница беше регулиран со светлосна сигнализација (семафор), а денеска тоа го прават полициски службеници, изјавија за МИА од СВР Тетово.

По сообраќајниците низ гостиварскиот регион забележан е зголемен број на возила со оглед дека во овој дел од годината во родниот крај доаѓаат и печалбарите.

Би можело да ве интересира

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози