Сообраќајот во Македонија се одвива по суви и чисти коловози, а интензитетот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Автомотосојузот на Македонија препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.
На патниот правец Кичево-Охрид во близина на Ботун поради изведување на градежни работи на пат, сообраќајот се одвива наизменично регулиран со семафори.
Од влезот до излезот на Кичево се изведува надградба на асфалтна подлога.
Од надвозникот кај клучка Велес до наплатната станица Отовица се изведуваат работи на мостовите, а сообраќајот по тие мостови се одвива по една сообраќајна лента
На патот Фурка-Дојран, се изведуваат градежно-асфалтерски работи. Поставена е соодветна патна сигнализација.
На патниот правец Велес-Штип се врши реконструкција и рехабилитација од депонијата Велес до село Лозово.
АМСМ меѓудругото потсетува дека на патниот правец Гостивар-Охрид од 1 јули стапи на сила ограничениот режим на движење за тешки товарни возила над 7,5 тони. Ограничувањето на движењето е во петок од 15:00-24:00 часот, сабота и недела 07:00-24:00 часот. Овој режим на движење ќе важи до 1 септември 2014 година.