Зголемен интензитет на сообраќајот, оспособена делницата Трпејца – Царина преку Галичица

Од:

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози и со зголемен интензитет на патните правци надвор од градските средини.

Како што соопшти АМСМ, регионалниот пат Трпејца – Царина низ национален парк Галичица, од денеска е оспособен за сообраќај за сите видови моторни возила со вкупна тежина до 3.5 тони.

Од АМСМ информираат дека од 24 април автопатот Демир Капија – Смоквица е целосно оспособен за одвивање на сообраќај. За негово користиње во правец Скопје – Гевгелија, на клучката пред Демир Капија потребно е да се исклучи за Скопје, да се спушти под надвозникот и да се продолжи само право следејќи ја таблата Гевгелија.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Би можело да ве интересира

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози