Зголемен бројот на заразени полицајци, вирусот најмногу се шири во Скопје

Од:

За две недели, нов, мал пораст на бројот на заболени од коронавирус, вработени во Министерството за внатрешни работи. Од службите, евидентирани се 100 активни случаи инфицирани со вирусот, што е за осум лица повеќе споредено со претходно кога имаше 92 заболени. Истовремено, во континуитет се намалува бројот на вработени кои се во самоизолација поради контакт со лице веќе заразено со вирусот.

Најголем број од заболените се полициски службеници од СВР Скопје – 30, Одделот за граѓански работи – 12, Одделот за гранични работи и миграција- РЦ Југ – 10, Одделот за обезбедување на лица и објекти – 5, во Одделот за специјални полициски операции-ЕСЗ – 2, во Единицата за брзо распоредување нема активни случаи, во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Одделот за општи и заеднички работи има по 4 активни случаи.

„Во останатите организациони единици на ниво на МВР бележиме опаѓање на бројката на активни позитивни случаи“, велат од МВР.

Како резултат  на направените епидемиолошки анкети од страна на  Државниот здравствен и санитарен инспекторат во моментов во самоизолација се наоѓаат 183  вработени во Министерството за внатрешни работи, што е за осум лица помалку за разлика од пред две недели, кога имаше 191 изолиран вработен.

Би можело да ве интересира

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Шпионска афера во кабинетот на претседателката: Обвинителството со месеци чека клучни докази од МВР

МВР: Има зачестена појава на измамнички пораки за наплата на сообраќајни прекршоци

А1он

Србин уапсен во Скопје: Осомничен за подготовка на платено убиство

Катерина Ѓуровски