Зголемен бројот на туристи во Македонија

Од:

Вкупно 84.018 туристи ја посетиле Македонија во септември годинава што е за 6,1 отсто повеќе во однос на истиот месец лани, а реализирани се и 197.122 ноќевања што е зголемување за седум проценти.

Како што соопшти Државниот завод за статистика, бројот на домашните туристи е зголемен за 22,7 отсто, а на странските за 0,9, додека бројот на ноќевањата на домашните туристи е зголемен за 21,9 проценти, а на странските за 1,1. 

Раст покажуваат и резултатите за првите девет месеци од годинава, од јануари до септември, во однос на истиот период претходната година. Бројот на туристите е зголемен за 4,3 отсто: кај домашните за 4,8, а кај странските за 4.  Бројот на ноќевањата, пак, е зголемен за 2,3 отсто: кај домашните туристи за 3,3, а кај странските за 0,8.

Би можело да ве интересира

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Бројот на туристи лани зголемен за 20.6% во споредба со 2022 година

На плажата Голем во Албанија спасени од давење три македонски државјанки, две се во тешка состојба

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Жена ги откри градите среде хрватски ресторан

Зголемен бројот на туристи

Туристите ги наведоа местата кои никогаш повеќе не сакаат да ги посетат, на листата и Скопје

Предраг Петровиќ