Зголемен бројот на туристи на струшкото крајбрежје

Од:

Бројот на туристи кои го поминале летниот одмор на струшкото крајбрежје е зголемен, оценуваат угостителите и туристичките работници од Струга.

Ана Јанческа, менаџер во хотелот „Дрим“, смета дека оваа сезона е подобра од претходната и оти бројот на туристи е поголем од лани.

– На почетокот на туристичката сезона, мај и јуни беа одлични месеци и тоа не само со туристи летувалци, туку и со учесници на семинарскиот и конгресниот туризам. Поради временските услови во јули бројот на ноќевања беше намален, но затоа во август продолживме со исто темпо како и претходните месеци и тоа посебно за време на ракометниот турнир и Струшките вечери на поезијата, изјави Јанческа, нагласувајќи дека сега продолжува периодот на семинари.

Позитивна оценка за летната туристичката сезона, иако официјално не е завршена, даде и Елизабета Попоска од Туристичката агенција „Полет“. Септември, според неа, е најатрактивен за одмор и патувања, но смета дека е потребна посебна стратегија за подобрување на понудата на гостите кои одморот го поминуваат во градот на поезијата.

– Генерално сме задоволни од туристичката сезона иако се уште не е завршена, бидејќи септември е најдобриот месец за туристичките патувања. Резултатите ќе се сумираат подоцна, меѓутоа секогаш на крајот на сезоната останува мислењето дека можело повеќе и подобро. Секоја сезона се трудиме да го постигнеме максимумот, рече Попоска.

Покрај гостите од Македонија, ова лето Струга ја посетиле и туристи од Холандија, Австрија, Германија, Норвешка, Србија, Албанија.

Би можело да ве интересира

Сообраќајка на патот Дебар-Струга, во прекин е сообраќајот

Инспекторатот иницира стручен надзор за лекувањето на четиригодишното дете што почина во струшката болница

Катерина Ѓуровски

Вонреден инспекциски надзор во Струшката болница по смртта на четиригодишно дете

Дете почина во болницата во Струга

А1он

Изгаснат е пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција

ВИДЕО: Гори Безистенот во Струга

Катерина Ѓуровски