Зголемен бројот на сообраќајки во декември во тетовско

Од:

Вкупно 93 сообраќајни несреќи се случиле во текот на декември на поширокото тетовско подрачје што е 31 несреќа повеќе во споредба со истиот период лани.

Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски информира дека една од декемвриските несреќи била со едно загинато лице за разлика од лани кога во сообраќајките во декември загинале две лица. Осум лица се здобиле со тешки и 74 со лесни телесни повреди, а во 54 сообраќајки била причинета материјална штета која се проценува на четири милиони и 350 илјади денари.

Најголемиот број од несреќите, односно 41, се случиле на тетовските улици, пред се на булеварите „Илинденска“, Видое Смилевски-Бато“ и „Маршал Тито“, како и на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје и регионалните патишта кон Пирок и Волковија.

Би можело да ве интересира

Тетовец е тешко повреден, чичко му ненамерно го прегазил со возило

Полицијата влезе во угостителски објекти во Тетово, пронајде дрога и оружје

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Пожар во средно училиште во Тетово, шестмина вработени завршија во болница

Левица: Скандалот во Центарот за социјални работи Тетово добива нови димензии

Најстудено во Берово и на Попова Шапка, најтопло во Тетово