Во првите пет месеци од годинава се бележи зголемување на бројот на анонимизирани и објавени одлуки на веб страницата на Основниот суд Скопје два.
– Во периодот од 1 јануари до 31 мај годинава Основниот суд Скопје два анонимизирал вкупно 4.289 одлуки, што е за 3.449 одлуки повеќе во однос на истиот период во 2017 година кога биле анонимизирани вкупно 840 одлуки, се наведува во денешното соопштение од Судот.
Оттаму посочуваат дека во периодот 1 јануари до 31 декември 2017 година на веб страницата на Судот биле објавени вкупно 4.265 одлуки.
Од Судот велат дека ќе продолжат со зголемена, континуирана и перманентна анонимизација и објава на изготвените судски одлуки на веб страницата на Судот се со цел поголема транспаретност и доближување на работата на Судот до граѓаните.