(ВИДЕО) Земон: Ќе ги бранам интересите на заедниците кои ги нема во Уставот

Од:

Ќе ги бранам интересите на заедниците кои ги нема во Уставот, изјави на прес-конференција, Рубин Земон кој вчера стана пратеник во Собранието, на местото на Томислав Тунтев од СДСМ, кој поднесе оставка.

„За прв пат ќе има пратеник кој ќе ги брани интересите на малите заедници, кои се заведени како други, а тука спаѓаат Евреите, Хрватите, Торбешите, Бошњаците, Египѓаните, Унгарците, Бугарите. Ќе почнат да се слушаат интересите на овие заедници“, изјави Земон.

Додаде дека иако ги нема во преамбулата на Уставот, не смее да се дозволи овие заедници да бидат дискриминирани.

„Има многу горчливи проблеми во општеството, но еден од приторитетите како пратеник во Собранито, ќе биде подигнувањето на свеста на политичките субјекти и наметнувањето на политиките на општествени права и кохезија кои треба да го намалат влијанието на етно-центристичките и етно-кратските парадигми кои предлого се застапени кај нас“, истакна Земон.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги