Земјотрес во Македонија – епицентарот кај Валандово

Од:

Земјотрес со јачина од 3 степени го погоди регионот на Струмица и на Валандово, соопштија попладнево од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје .

„Телеметриската сеизмолошка мрежа, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, денеска во 13 часот и 35 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Валандово, 123 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Валандово, Струмица и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала“, информираат во Сеизмолошката опсерваторија.

Земјотрес пред две недели беше почувствуван во Охрид, Струга и блиската околина, со интензитет од 4 степени според Европската макросеизмичка скала.

Би можело да ве интересира

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

Земјотрес по земјотрес: 6,8, па 6,5 степени

Силен земјотрес ја погоди БиХ, потресите се почувствуваа во близина на Ливно

ВИДЕО: Снимка од моментот на земјотресот во Тетово

Катерина Ѓуровски

Почуствуван земјотрес во Тетово и околината

Силен земјотрес ја погоди Боливија