Хрватска, Македонија, Романија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија денеска од 11 и 30 до 14 часот иницираат „Ден на тишината“ по повод маскарот во редакцијата на францускиот магазин „Шарли Ебро“.
Ги повикуваат сите медиумски куќи, новински агенции, блогери и сите граѓани кои се присутни на социјалните мрежи на своите веб страници и на социјалните мрежи, во наведениот темрин да објават само напис „Ден на тишината“ со што ќе се покаже како би изгледал светот без новинари, медиуми и без зборови.
– Убиени се новинари. По кој знае кој пат, употребена е брутална сила против букви, цртежи, аудио и видео снимки. Против мисли и зборови. Кога нè убиваат, тепаат, касапат и заплашуваат, тоа секогаш е за повисоки цели. Но, никој нема одговор на нашето прашање кои се тие повисоки цели. Бидејќи тие не ни бараат одговори и информации – пишува Мунир Подумљак, директор на хрватското Партнерство за општествен развој, на веб порталот„Ферпрес.Еу“.
Во изминативе девет години убиени се 720 новинари. Според податоците од „Репортери без граници“, од 2005 до 2014 година, убиени се вкупно 720 новинари, од кои во 2014 година, 66 новинари го загубиле својот живот извршувајќи ја својата должност да ја известат јавноста, а две третини од случаите се во воените зони како Палестина, Украина, Ирак и Либија. Значаен пораст од 30 проценти е забележан во бројот на киднапирани професионални новинари, односно 119 случаи во 2014 или 87 случаи во 2013 година.
На глобално ниво, 40 професионални новинари и 3 граѓани-новинари се држат како заложници. Според последните податоци на „Репортери без граници“, вкупно 178 професионални новинари и исто толкав број граѓани-новинари се осудени на затворска казна поради извршувањето на својата должност.