ЗЕЛС ќе избира ново раководство

Од:

Конститутивната седница на Генералното собрание на Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија–ЗЕЛС ќе се одржи на 29 ноември 2017 година во хотелот „Александар Палас“, со почеток во 12 часот.

Генералното собрание е највисокото тело на Заедницата и избира членови на Управниот одбор, кој ќе одржи кратка седница на која ќе избере претседател на Управниот одбор, кој воедно е и претседател на ЗЕЛС.

Генералното собрание на ЗЕЛС го сочинуваат вкупно 90 делегати, а секој делегат има право на еден глас. Градоначалниците по функција се делегати на Генералното собрание, а претседателите на општинските совети се нивни заменици. Делегати на Генерално собрание се и девет членови од редот на членовите на Комитетот на советите.

Во случај на спреченост на делегатот, односно заменикот на делегатот да присуствува на седницата на Генералното собрание, делегатот може да овласти член на Советот на општината да го менува на седницата, со сите права и обврски на делегат. Ова овластување се потврдува во писмена форма.

Досега функцијата претседател на Управниот одбор на ЗЕЛС ја извршуваше Коце Трајановски, а потпретседатели беа Зоран Дамјановски и Невзат Бејта.

Би можело да ве интересира

Во Македонија има двојно помалку пожарникари од законски пропишаното, нема ниту тренинг центар

Ѓорѓиевски на ГС на ЗЕЛС: Постигнавме видлив напредок, ја зајакнавме улогата на општините

А1он

Ѓорѓиевски: Безбедни се сите училишта, градинки, јавни установи, културни домови и спортски сали во државава

Малолетниците кои вандализираат да вршат општокорисна работа, ЗЕЛС ја прифати иницијативата на Герасимовски

Катерина Ѓуровски

Ѓорѓиевски: Немам прецизна информација дали на Градот ќе му бидат одземени ингеренциите за ЈСП Скопје

Ѓорѓиевски: ЗЕЛС останува обединет