ЗЕЛС: Досега, речиси половина од општините обезбедија 14 милиони денари парична донација за настраданите во Турција и Сирија

Од:

По повикот за обезбедување на парична помош за настраданите од подрачјата зафатени од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија што неодамна го упати претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, веќе се огласија околу половина од општините од нашата земја. Паричната сума што тие досега ја обезбедија за оваа намена измесува околу 14 милиони денари. Ова парична донација не е конечната сума што ќе биде уплатена од страна на единиците на локалната самоуправа, на отворената сметка на Црвениот крст.

Како што информираат од ЗЕЛС, и во останатите општини веќе се покренати процедурите за спроведување на законската форма за одобрување на утврдените донации, што треба да ги изгласаат општинските совети. Поддршката што ја даваат општините, велат од ЗЕЛС, претставува само уште една потврда за хуманоста и солидарноста за настраданите од оваа природна непогода.

– Освен парична помош, дел од општините обезбедуваат и материјална помош, во согласност со барањата што ги упатува населението од погодените подрачја. Исто така, и многу граѓани се обраќаат во општините, заинтересирани самостојно да донираат и на тој начин да ја покажат солидарност и поддршка за настраданите. Од таа причина уште еднаш ја објавуваме сметката на која може да се уплатат финансиски средства: https://ckrm.org.mk/pomosh-na-nastradanoto-naselenie-pogodeno-od-katastrofalniot-zemjotres-vo-turtsija-i-sirija/, се вели во денешното соопштение од ЗЕЛС.

Од Заедница на единиците на локалната самоуправа нагласуваат дека остануваат да бидат на располагање за сите барања и потреби кои ги имаат жителите на погодените подрачја.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: ЗЕЛС останува обединет

Костадинов: Требаше јас да излезам од ЗЕЛС за да почнеме сега да организираме состаноци, апсолутно не

Ѓорѓиевски: ЗЕЛС е обединет, ќе посредуваме меѓу Карпош, Струмица и централната власт

А1он

​Ѓорѓиевски: Градoначалниците на Карпош и Струмица ги каниме во понеделник на состанок во ЗЕЛС

Костадинов: Јавно и одлучно потврдувам дека нема да присуствувам на следната седница во ЗЕЛС

Јакимовски: ЗЕЛС е обичен партиски комитет на ВМРО-ДПМНЕ