• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

„Зелена алтернатива“, „Канабис клуб“ и ЛДП: Потребна е суштинска дебата за легализација на канабисот во медицински цели

by А1он12/09/2015 - 12:2512/09/2015 - 12:55188
Share0

„Единствената дебата околу легализацијата на канабисот во медицински цели треба да се води во насока каков закон треба да се донесе во Р.Македонија за регулирање на  овој сегмент од здравствената заштита.

Добивај вести на вибер

Токму затоа, граѓанските здруженија „Зелена алтернатива“ и „Канабис клуб“ како и младите на  Либерално-демократската партија сметаат дека здравјето на граѓанинот секогаш мора да е на прво место и секоја друга полемика е излишна.

Основното прашање сега е што треба да потврди и регулира законот за легализација на канабисот за  медицински потреби?

Се поевидентни се доказите и истражувањата во светски рамки за лековитите дејства на канабисот.

Затоа ја поздравуваме и подготвеноста на останатите политички партии и општествени чинители во Р. Македонија да се отвори дебата за легална употреба на канабисот за медицински потреби со строго утврдени правни механизами.

Граѓанските здруженија ја информираат македонската јавност дека со оглед на тоа што септември е  месец на конопот, наредните три викенди ќе бидат исполнети со различни настани како возење велосипед, коноп-фест и семинар со еминентни  лекари и професори од странство,  експерти на оваа тема.

Воедно ги повикуваме сите граѓани кои се поддржувачи на легализацијата на канабисот за медицински цели да се приклучат на првиот од низата  настани: „ВЕЛО- ТУРА“ во организација на „Канабис клуб“, кој ќе се одржи во недела во Градски Парк „на школка“ со почеток во 12:00 часот“, се вели во соопштението на „Зелена алтернатива“ и „Канабис клуб“ како и младите на  Либерално-демократската партија.

marihuana

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нема одговор кој дозволи преку македонската граница да помине огромна количина на дрога и да заврши во Србија

Горан Наумовски02/02/2026 - 09:0302/02/2026 - 09:03

ВИДЕО: Притвор за српските шверцери на марихуана набавена во Македонија

Катерина Ѓуровски01/02/2026 - 12:0601/02/2026 - 21:55

(ВИДЕО) МВР: Уапсени се три лица, спречен е транспорт на 150 кг. марихуана

Горан Наумовски28/01/2026 - 13:2228/01/2026 - 13:22

Откриени 5 килограми марихуана во автомобил на кумановец

А1он24/01/2026 - 17:2424/01/2026 - 21:06

Татко и син осомничени за илегална трговија со марихуана во гевгелиско

Предраг Петровиќ21/12/2025 - 09:43

Трамп потпиша указ за ублажување на федералните регулативи за медицинска марихуана

Горан Наумовски18/12/2025 - 20:59
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен