Зеќирија Ибраими нов министер за култура, Бардул од ДПА министер без ресор

Од:

По вчерашните шпекулации за влегувањето на БЕСА и ДПА во Владата на Зоран Заев, за А1он од владината коалиција информираат дека нов министер за култура, на местото на Роберт Алаѓозовски е пратеникот од БЕСА, Зеќирија Ибраими, а нов министер без ресор е Бардул Даути од ДПА.

Овие информации се очекува официјално да бидат потвредени во текот на денот.

Овие промени доаѓаат по најавите на премиерот Зоран Заев за реконструкција на Владата и проширување на парламентарното мнозинство. Тој неодамна изјави дека во актуелната Влада има место за сите парламентарни партии освен за ВМРО-ДПМНЕ.

Тетовското крило на БЕСА, предводено од Билал Касами официјално ги прекина преговорите за влез во Владата. Засега во оваа владина гарнитура влегува само крилото на БЕСА предводено од пратеникот Африм Гаши.

Сепак, се остава можноста Ибраими и да не биде дел од владата со оглед на тоа дека вчера одлуката била сигурна, но денеска, сепак, се размислувало дали е тоа идеално решение.

Изминатиот период се преговараше и за евентуално останување на Алијансата на Албанците во Владата, но тие преговори пропаднаа со што партијата на Зијадин Села дефинитивно оди во опозиција. Заев на лидерот на ДПА, Мендух Тачи и предводникот на едното крило во Беса, Африм Гаши, им ги ветил сите заменички и директорски места што ги имаше Алијансата за Албанците.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер

Деановски и Ралповски: Постигнат e договор со Владата за унапредување на правата на административците

Горан Наумовски