Зекиров се појави на суд, но не и двајцата сведоци

Од:

Поранешниот телохранител на директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Ален Зекиров се појави во судот, но не дојдоа двајца сведоци.

Рочиштето од судскиот процес, кој се води , за сообраќајката која ја предизвика Зекиров, кој со својот мотор на пешачки кај Буњаковец го прегази скопјанецот Симо Серафимовски, е одложено.

Еден од сведоците кој бил очевидец на сообраќајката, даде исказ пред судот, односно остана на она што го кажал пред истражниот судија.

Како што рече адвокатот на оштетените, двајцата сведоци кои не дојдоа денеска имале контрадикторни искази со сведокот кој даде денеска исказ за настанот.

„Тој е очевидец на несреќата, другите двајца сведоци се дополнително пријавени сведоци кои не се евидентирани од полицијата во самиот полициски записник. Не можам сега да кажам кои се контрадикторностите“ изјави Весна Ивановска, адвокат на оштетените.

Сообраќајката, која предизвика остри реакции во јавноста, се случи во јуни 2009 година, а судењето постојано се одложуваше. Адвокатот на Зекиров, Антонио Апостолски вели дека не е точно дека неговиот клиент не се појавувал на судењата. Отсуствувал само еднаш поради службени причини.

Зекиров на пешачкиот премин кај ТЦ Буњаковец, со мотор, удри во 73 – годишниот Симо Серафимовски, кој подоцна им подлегна на повредите.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски