Зекиров повеќе не го обезбедува Мијалков

Од:

Ален Зекиров повеќе не го обезбедува  Сашо Мијалков, директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање.

По неколку дневните информации и шпекулации, ова денеска го потврдуваат и надлежни од МВР. Неофицијално, медиумите објавуваат дека причина е непрофесионалноста на Зекиров и дефокусирање од основните работни задачи.

Зекиров ќе биде распореден на друго работно место во МВР.

Ален Зекиров, е осомничен, дека предизвикал сообраќајна несреќа, во кое едно лице го загуби живото. Зекиров, не се појавуваше на суд, за да даде исказ. Веќе подолго време не се појавува на суд, за да даде исказ за несреќата во која човек на велосипед загина  на „Партизански одреди“ во Скопје.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Левица: Полициско насилство врз малолетници во Охрид – Tошковски молчи

А1он

Две верзии за целта на планираниот атентат во Грција: Ирански дисидент или израелски државјанин

Горан Наумовски

(ФОТО) Ја давеше, ја газеше по нозете, ја влечеше по асфалт и ја остави на сред улица – уапсен е син на инспектор во УЈП

А1он

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност