(ВИДЕО) Зекири: Собранието ќе го распише референдумот за 30 септември, прашањето се дефинира

Од:

Пратеникот од СДСМ, Мухамед Зекири, вели дека денес со или без ВМРО-ДПМНЕ ќе биде распишан референдумот, а потврди дека истиот ќе биде одржан на 30 септември.

Коментирајќи ја изјавата на Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ кој рече доколку овој договор не биде усвоен опозицијата ќе постигне подобар договор до Грција, Зекири вели дека е смешно да се слуша тоа.

„Имаа цели 11 години за да склучат договор. Трагично, но и смешно е да се слуша тоа. Македонија нема друга опција освен да го усвои овој договор и да биде членка на НАТО и ЕУ“, изјави Зекири.

Околу тоа како ќе биде формулирано прашањето за референдумот, Зекири рече дека се уште се разгледуваат можностите, но дека имаат драфт верзија, односно посочи дека во него со сигурност ќе стои делот „Дали сте за влез во НАТО и ЕУ“.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on