Зечевиќ со Ана Линде: Одличната соработка продолжува, членството во ЕУ е врвен национален интерес

Од:

За време на денешниот „Социо – еколошки форум“ којшто се одржува во Скопје генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ се сретна со Ана Линде, поранешна министерката за надворешни работи на Кралството Шведска, политичарка од шведската Социјалдемократска партија.
На средбата се разговараше за европската иднина на земјава, по отворањето на преговорите за полноправно членство со ЕУ како и за мерките и политиките на СДСМ за справување со предизвиците предизвикани од глобалната енергетска криза.

Зечевиќ се заблагодари на придонесот и поддршката на Шведска за македонската држава како и на силната сестринска поддршка во рамки на ПЕС од страна на шведската Социјалдемократска партија.

– Потребен е широк општествен консензус за европската иднина на земјата затоа што членството во ЕУ е врвен национален интерес. СДСМ е подготвена да води на тој европски пат, но неопходно е национално обединување за нов државен и генерациски успех. Македонската иднина е европска и ние мора да ги поставиме државните и национални дејствувања во констелацијата на идните регионални соработки, на европските асоцирања и глобални позиционирања. Во ова насока ја гледам и поддршката од шведските социјалдемократи којашто е добредојдена, рече Зечевиќ.

Линде ја поздрави силната и одлучна посветеност на СДСМ и Владата којашто ја предводи Ковачевски за спроведување на неопходните реформи за забрзување на ервопската интеграција на земјава.

Заеднички беше оценето дека блиските односи меѓу двете сестрински партии како и двете земји, преку заедничка соработка, размена на мислења и меѓусебна поддршка ќе продолжи и понатаму на високо ниво.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски