Зечевиќ: Добро е што ВМРО-ДПМНЕ ја прифати подадената рака

Од:

Добро е што ВМРО-ДПМНЕ ја прифати подадената рака. Промената на ставот на ВМРО-ДПМНЕ со прифаќање на уставните измени и учество во широка Влада за европски интеграции е добра основа за продолжување на дијалогот, порача денеска од Богданци, генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски, на маалска средба во рамки на караванот теренски активности, „Рамо до рамо, до победа“.

-Понудивме рака за обединување околу европската иднината на земјата и остварување на уште една стратешка цел, членство во ЕУ. СДСМ како одговорна, државотворна партија повторно покажа државнички капацитет и уште еднаш потврди дека иднината на граѓаните и интересот на државата се на прво место. Добро е што ВМРО-ДПМНЕ ја прфати оваа наша подадена рака. Промената на ставот на ВМРО-ДПМНЕ со прифаќање на уставните измени и учество во широка Влада за европски интеграции е добра основа за продолжување на дијалогот. Во овие историски и важни моменти за државата од исклучителна важност е да продолжиме заедно да работите во интерес на граѓаните и европската иднина на земјата., рече Зечевиќ.

Генералниот секретар потенцираше дека македонскиот јазик и македонскиот идентитет се целосно заштитени и сега треба да се искористи поддршката од стратешките партнери ЕУ и САД и да ја искористиме оваа историска шанса.

-Македонскиот јазик е заштитен во ЕУ исто како и македонскиот идентитет. Со национално единство можеме да го заокружиме овој процес, да ја обезбедиме европска иднина за сегашните и идните генерации заедно, додаде Зечевиќ.

Претседателот на партиската комисија за транспорт и врски, Митко Трајчулески зборуваше за инвестициите на СДСМ во модерна патна инфраструктура.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО