Здруженија ja бараат активистката која го спаси мечето Теди од кошмарот во Штип, да биде директорка на скопската зоолошка

Од:

Пет здруженија за заштита на животни и повеќе активисти ја предложија и поддржаа Тина Мицковска да биде нова в.д. директорка на Зоолошката градина во Скопје. Ова доаѓа ден по оставката на Ѓорѓи Галетановски од директорската функција.  Oд здруженијата велат дека Мицкоска е предлог бидејќи е професионалец и ужива углед кога во прашање е заштитата на животните. Инаку, таа е и вработена во скопската зоолошка, во Секторот за односи со јавност. Мицковска за „А1он“ не сакаше да коментира дали би прифатила ваква функција, но посочи дека борбата за животните и нивни подобри услови за живот ќе остане.

„Ми значи поддршката, ќе работам повеќе за животните и зоолошката, за уште подобри услови“, искоментира Мицковска.

„А1он“ се обрати и до градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. Прашавме дали ќе го прифати предлогот за директор, но досега нема одговор.

Инаку, од здруженијата кои ја предлагаат за нова в.д. директорка посочија и дел од активностите на Мицковска кои биле за животните.

„Има многу успеси зад себе, а најголемиот ѝ е успешното испраќање на мечето Теди во резерватот на Фондацијата на Брижит Бардо за мечки во Бугарија. Мечето Теди живееше во кошмарни услови во мал кафез во Штип, а Тина по речиси две години борба со институции успеа да го спаси. Приказната за мечето стана глобална и Теди и Тина се најдоа на сите најпознати светски медиуми. Таа соработува со Four Paws International – една од најпознатите светски организации за заштита на животните, кои преку неа би помогнале многу на Скопје ЗОО, а со тоа би се афирмирал и Градот Скопје. Помага за спасување диви животни кои биле предмет на нелегална трговија или, пак, бебиња, а дел од нив веќе успеале да се рехабилитираат и да се вратат назад во природа. Беше и прва која го откри нелегалниот шверц на лавчиња во земјата и тоа по цена на својот живот бидејќи сè уште добива закани. Има добра соработка со сите институции поврзани со животинскиот свет, учествува во проектот за основање на прв спасувачки центар за диви животни во Македонија, има познавање од областа на дивите и егзотични животни и што е најважно желба и мотивација да обезбеди соодветна нега на животните во ЗОО Скопје“, велат од здруженијата.

Зад иницијативата застанаа „Дејзи фемили“, „Бездомни животни без граници“, „Е.Д.Е.Н“, „Шепасти ентузијасти“, „Кане Корзо надеж“. Сите сметаат дека од исклучително огромна важност е директор на институција која работи со животни да има емпатија према истите.

Би можело да ве интересира

Од денеска повторно може да се оди во скопската Зоолошка градина

Зоолошката градина повторно ќе работи од сабота

Советот на Град Скопје не ја изгласа иницијативата за мораториум за внесување нови животни во ЗОО Скопје

Посетителка во Зоолошката градина побарала да се тестира за птичји грип

Двајцата вработени во ЗОО Скопје кои беа тестирани немаат птичји грип

Катерина Ѓуровски

АХВ: ЗОО Скопје иако детектирало угинато животно, не постапила по законски процедури

Горан Наумовски