Здружението „Во твоја слава“ и овој Велигден со вредносни ваучери за 60 социјално загрозени лица и семејства од Охрид

Од:

Шеесет корисници на социјална помош, поединци или социјално загрозени семејства од Охрид и околината, оваа година по трет пат за Велигденските празници ќе добијат вредносни ваучери од страна на Здружението на граѓани „Во твоја слава“ од Охрид.

Здружението во рамки на своите активности за грижа и помош на лица од ранливите категории, обезбеди вредносни бонови што примателите на помошта ќе можат зависно своите потреби и приоритети да ги реализираат во маркетите на „ДОН Примус“.

Изборот на лицата на кои им се доделени вредносните ваучери е спроведен во координација со Меѓуопштинскиот центар за социјална работа и со црковниот храм „Свети Ѓорѓија“ од Охрид, со цел помошта да ја добијат оние семејства на кои им е најпотребна.

Здружението „Во твоја слава“ средствата за помошта ги обезбедува по пат на донации на самото членство. Здружението е формирано 2014 година со намера да спроведува активности насочени кон промоција на хуманоста и во рамки на можностите да помага на граѓаните од регионот и пошироко.

Би можело да ве интересира

Гаши: Велигден не потсетува дека меѓусебното почитување, солидарноста и добрината се суштински за напредокот на секое општество

Филипче: Велигден дава сила и надеж за справување со предизвиците, за нови и подобри почетоци

Мицкоски: Нека светлината на Воскресението биде водилка во нашите заеднички напори за изградба на праведно и хумано општество

Честитка од Сиљановска-Давкова по повод Велигден

Предраг Петровиќ

Велигденска Вокресна литургија во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје

Предраг Петровиќ

Г.г. Стефан: Ништо друго не може да ни даде сила и утеха освен надежта во воскресението