Здружението на судска администрација им го честита Денот на правосудството – 31 март на сите вработени во судската служба на судовите, судиите, судите поротници, јавни обвинители, правобранители, адвокати, медијатори, нотари, извршители, пробациската служба, со желба за успешно извршувањето на работите од своја надлежност.
На денешен ден во 1945 година со донесувањето на повелба на АСНОМ за устројството на редовните народни судови на Федерална Македонија се поставени темелите на судството во нашата држава. Со повелбата се основани 25 околински судови, три обласни судови со седишта во Скопје, Штип и Битола, и Врховен суд со седиште во Скопје.
Според Здружението на судска администрација, годишнината на одбележување на овој датум е можност за промоција на приципите за одговорност, транспарентност, професионалност, интегритет, непристрасност стручност, и професионалност во работењето како темелни вредности за владеење на правото и функционирањето на правната држава.
– Во изминатите 75 години на македонско правосудство стремежот кон имплементација на овие принципи е вткаен во трудот на генерации на вработени во правосудните институции. Денес, исправено пред барањата на современото општество, македонско правосудство е свесно за своите слабости, но и свесно за неизбежноста на процесот за бескомпромисно опстојување на овие принципи и достигнување на нови повисоки стандарди во своето работење, истакнува Здружението на судска администрација посакувајќи воедно што поскоро надминување на актуелната ситуација со пандемијата која ја отежнува работата на сите граѓани.