Здружението на информатичари реагира на новиот концепт за основно образование

Од:

Здружението на информатичари на Македонија (ЗИМ) информира дека со писмо испратено до Министерството за образование и наука реагира на најавената концепција во основното образование.

Во писмото се наведува дека со новиот концепт, наместо да се оди во насока на зајакнување на условите за реализација на воведените информатички содржини, се оди неколку чекори наназад и се брише се она што досега постигнато.

– Дури и земјите од нашето опкружување изминативе неколку години, дел и според нашиот урнек започнаа со воведување на информатичките теми во нивните наставни планови, а само ние ќе одиме наназад. Насловот на предметот „Техника, технологија и информатика“ спојува многу различни, во делови и несродни области. Можеби кога се употребува технологија, комисијата мисли на информатичко-комуникациската технологија, но тоа во општа смисла не е така. Уште повеќе, таквиот предмет се става во таканаречена „Група Б“ задолжителни предмети, во која покрај тој предмет, се предметите од уметностите и физичкото образование, се вели во писмото од ЗИМ.

Според ЗИМ, треба да се препознае потребата на учениците и да им се даде добра основа уште од најмала возраст за тие да бидат способни да ја изберат информатиката како идна професија.

– Тоа овозможува земјата да има голем и профитабилен информатички сектор, кој не само што згрижува значаен дел од работната сила, туку за нив обезбедува високи примања, за државата овозможува раст и зголемен извоз, како и висок приход во пензискиот систем, велат од ЗИМ.

Реагираат на укинувањето на претходно воведените теми од информатиката во раната возраст и апелираат да не се оди, како што велат, со избрзани решенија.

– Апелираме да се направат напори информатиката да се изучува во континуитет од трето до деветто одделение, со особена промоција на името на предметот, како би се дал фокус и би се заинтересирале што повеќе ученици да ја изберат информатиката како нивна идна професија.

Апелираме да не се класифицира информатиката во таканаречена „група Б“ задолжителни предмети кога е јасно дека е подмножество од STEM, се вели во реакцијата од ЗИМ.

Би можело да ве интересира

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

МОН ветува – ниту еден наставник нема да биде отпуштен, ниту ќе добива помала плата

А1он

Егзодус во Прилеп: 300 деца отпишани од училиште за шест месеци поради селење во странство

Катерина Ѓуровски

Усписите на ученици во средно образование во две пријавувања во јуни

Ана Ололовска