Здружението „Аква“ од Струга го одбележа Светскиот ден на чистењето

Од:

Во рамките на Светскиот ден на чистењето младинскиот тим на здружението „Аква“ од Струга денеска направи еко акција околу детското одмаралиште „25 Мај“.

Во акцијата учествуваа шест волонтери на „Аква“ и еден претставник од компанијата Mars Holdings overseas.

Ана Наумоска член на младинскиот тим информира дека околу одмаралиштето биле собрани десетина вреќи отпад.

– Секој од нас има подеднакво голема улога и обврска да се грижи за животната средина, а промената кон здраво и чисто општество започнува со секој поединец, порача Наумоска.

Здружението „Аква“ активно учествува во еколошки акции за почиста Струга.

Би можело да ве интересира

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ

Водата во Струга не е исправна за пиење

Општина Струга на аукција ќе го продава „аудито“ на Мерко, почетната цена e 21.800 евра

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

На две фирми од Велешта им е забрането да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум

А1он

Камионџија од Албанија прегази 75-годишен стружанец

Горан Наумовски