Здружената опозиција во сабота на сенароден марш наречен „Отпор против режимските лаги“

Од:

Здружената опозиција во сабота, во 12 часот од пред платото спроти телевизија Сител, пред градскиот стадион „Филип Втори“ во Скопје, ќе го започне големиот сенароден марш наречен „Отпор против режимските лаги“. Маршот ќе продолжи кон зградата на владата, а ќе заврши пред Македонската радиотелевизија.

Опозицијата ги охрабрува и новинарите и медиумските работници, да се спротистават на режимските лаги, и да ја одбранат честа и угледот на нивната професија.

Со маршот,рече Андреј Петров, здружената опозиција ќе ги обележи и посочи главните центри кои ја кријат вистината и спроведуваат медиумски мрак, а опозицијата е многу јасна, не сака да биде сфатена дека врши притисок врз медиумите, ниту пак сака да влијае врз уредувачката политика.

„Сител е приватна телевизија и сопствениците имаат право да поддржат одредена политичка опција. Но, никако немаат право свесно и намерно да шират омраза и нетрпение, оркестрирано да манипулираат и да се обидуваат граѓаните да ги стават во заблуда. Тое не е уредувачка политика, туку лажење и директна злоупотреба на националната концесија. МРТВ пак, по закон е институција која мора да ги спроведува гледиштата и ставовите на сите граѓани, имајќи предвид дека сите имаат обврска да плаќаат радиодифузна таска. Наместо тоа, МРТВ стана филијала на центарот на лаги и манипулации на ВМРО-ДПМНЕ, на сметка на граѓаните на Македонија – тврди Петров.
Пратеникот на СДСМ потенцираше дека демократијата нема цена, и никој нема право со насилство да го уништува тоа богатство во Македонија“, рече Петров.

Вељаноски, одговори Петров на новинарско прашање, никогаш не бил нападнат во Собранието, а по логика на прашањето, тогашниот пратеник Никола Груевски, го нападна покојниот спикер Љупчо Јордановски, вадејќи му ја картичката од неговото спикерско место. И никој не реагираше, ниту обезбедувањето ниту пак целата тогашна опозиција беше брутално исфрлена од Собранието, вклучувајќи и жени пратенички кои мирно седеа на столчињата.

Тој повтори дека Здружената опозиција е спремна на разговори со власта, на било кое место во кои било време.

Би можело да ве интересира

СДСМ: „Буџетот не е во најдобра состојба“ – оваа изјава на Божиновска е доказ дека фалат 2 милијарди евра

А1он

СДСМ: За да се впушти во борба против криминалот и корупцијата Мицкоски треба да се уапси самиот себе

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Пет тони дрога поминале низ Македонија, кој ќе одговара за картелскиот скандал?

СДСМ: Скандал со повлекувањето на Кедев, дали Жан излезе со клевети за Филипче за да се спаси

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Платите на работниците треба да се покачат сега, а не за две години

Предраг Петровиќ

СДСМ: Затворањето на пост мониторингот не е успех на Мицкоски

А1он