Здрави гласале како болни во Гостивар

Од:

Една политичка партија од албанскиот политички блок обвинува дека нивните партиски набљудувачи забележале повеќе нерегуларности при гласањето на болните лица, кое се спроведе во текот на вчерашниот ден, објави Плусинфо.

Оттаму обвинуваат дека на избирачкиот список било забележано како истите лица, кои побарале, поради немоќ и неспособност, да гласаат од дома, биле по неколку пати запишани во списокот.

Од партијата велат дека им било дозволено гласање и на лица кои воопшто не се наоѓале на избирачкиот список, а регистрирани биле и случаи каде здрави биле внесени во списокот и им се овозможило да гласаат како болни лица.

„Имаше случаи кога на гласачкиот список се најдоа луѓе кои умреле пред две недели, како и лица кои моментално се наоѓаат во странство“, додаваат од партијата и забележуваат дека во неколку наврати на овластените партиски набљудувачи им било оневозможено да го набљудуваат процесот.

Од партијата посочуваат дека со неправилности започнал и денешниот ден кога биле регистрирани активисти на други партии како го прекршувале изборниот молк со автомобили со партиски симболи кои кружеле околу избирачките места.

Оттаму најавуваат голем број на претставки кои ќе ги поднесат до ДИК, а кои упатуваат на бројни неправилности со изборниот процес во Гостивар.

Би можело да ве интересира

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада