Завршна обука од проектот за спречување шумски пожари

Од:

Центарот за управување со кризи денеска ќе го претстави завршниот дел од обуката за спречување шумски пожари, во рамки на проектот „Интегриран систем за превенција и рано предупредување на шумски пожари“ кој успешно го спроведуваше со Јапонската агенција за меѓународна соработка.

Проектот резултираше со воспоставување Македонски информациски систем за шумски пожари (МКФФИС), а со цел да се споделат позитивните искуства и резултатите од оперативноста на МКФФИС беше развиена Програма за обука на трети земји.

– Оваа Програма има за цел зајакнување на регионалните капацитети за намалување на ризиците од шумски пожари. Втората и последна обука на техничко ниво почна на 6 март и ќе трае до денеска, со присуство на претставници од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и од Црна Гора, информира Центарот за управување со кризи.

Би можело да ве интересира

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче