Завршна дебата за законот за јазиците на Комисија за европски прашања

Од:

Собраниската Комисија за европски прашања денеска ја продолжи расправата по Предлог-законот за употреба на јазиците во прво читање. На денешното продолжение, завршни обраќања треба да имаат координаторите на четирите најголеми парламентарни групи во Собранието, а потоа да се гласа по Предлогот.

Во претпладневниот дел од работата, пратеникот Антонијо Милошоски во процедурално барање пред Комисијата за европски прашања изрази незадоволство што, како што рече, оваа Комисија се злоупотребува за законот за употреба на јазиците и побара пауза од еден час за да може Комисијата за политички систем, како матично тело, предлогот да го стави на дневен ред и го прифати.

– Оваа Комисија не е матичното тело. Предлог законот треба да го разгледува Комисијата со која претседава Александар Кирацовски, генерален секретар на СДСМ. Да го слушнеме неговото мислење и да го слушнеме мислењето од Комисијата за да може содржински да расправаме за тоа што Владата ни го наметнува и сака да го помине за три дена, рече Милошоски.

Претседателот на Комисијата за европски прашања Артан Груби одговори дека веќе се изјасниле за тоа барње и тоа не е прифатено. Потсети дека според член 60 од Деловникот за работа на Собранието претседателот на Собранието одредува кое е матичното тело.

Тој го одби барањето на пратеникот Милошоски и даде пауза.

Претходно на Комисијата се обрати Фадил Зендели од БЕСА, кој рече дека законот треба да биде сеопфатен, што не го гледа во овој предлог.

– Предлог законот е унапредување, но не и официјализирање. Сите заедно треба да се однесуваме одговорно. Мултиетничкото општество треба да биде и мултиетничка држава како што предвидува Охридскиот рамковен договор. Шеснаесет години по потпишување ние се уште расправаме. За жал, ќе расправаме и понатаму зашто овој предлог закон не го опфаќа тоа. Ние само го унапредуваме албанскиот јазик, но не го официјализираме на територијата на целата држава, изјави Зендели.

Најавено е дека во продолжението по паузата ќе имаат обраќања координаторите на ДУИ, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Стоименов од АПИС: Предлог законот за игри на среќа содржи уставно спорни и дискриминаторски одредби

Предраг Петровиќ

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители