За Проектот за реконструкција на водоводната мрежа во Богданци денеска се одржаа последните консултации на стручните лица, а наскоро претстои негова практична реализација на терен.
– Проектот, кој е финасиран од УСАИД предвидува поставување шахти за регулирање на воден притисок и претставува алтернатива на пилот проект од програмата за заштита од климатски промени, истакна Даринка Минова од службата за информирање на општина Богданци.
Според стручњаците, шахтите треба да обезбедат рамномерен воден притисок до сите корисници, намалување на оштетувањата на водоводната мрежа, како и намалување на загубите на вода.