Заврши зимското одржување на градските сообраќајници во Скопје

Од:

Зимската служба на Град Скопје, согласно со Програмата за одржување на улиците во зимскиот период, на 15 март ги заврши координираните активности за обезбедување непречено и безбедно одвивање на сообраќајот во текот на изминатите четири месеци.

– Зимската служба во текот на сезоната употреби 1.075 тони индустриска сол, превентивно за спречување на подмрзнување на коловозите , како и во деновите кога се расчистуваше снегот. Преостанатите градски јавни претпријатија беа вклучени со механизација при спроведувањето на активностите за зимско одржување на инфраструктурата која е во нивна надлежност. Во реализацијата на активностите, учествуваше и Комесаријатот за сообраќај при Министерството за внатрешни работи, се вели во соопштението од Град Скопје.

Независно од развојот на временските услови во текот на оваа сезона, информира Град Скопје, целосно биле подготвени за одржување на магистралните и на собирните улици на подрачјето на Скопје, во зимски услови. Зимската служба 2012/2013 година беше активна од 15 ноември 2012 до 15 март 2013 година.

Град Скопје и ЈП „Улици и патишта“ располагаат со 23 камиони опремени со соларка и плуг, од кои 14 возила се ангажирани преку јавен повик, од фирмата „Аполо инженеринг“ од Скопје, а преостанатите се механизација со која располага јавното претпријатие.

Би можело да ве интересира

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он

53-годишен скопјанец се повреди и почина на работното место

Горан Наумовски