Заврши втората фаза од уредувањето на речното корито на Липковка

Од:

Заврши втората фаза од проектот за уредување на речното корито на Липковка, којшто се реализира преку УНДП со финансиска поддршка од Јапонската амбасада и општина Куманово која учествува со 20 проценти од вкупниот износ.

Градоначалникот Максим Димитриевски денеска изјави дека средствата од општината за овој проект се целосно исплатени.

– Наскоро ќе започне и првата фаза од проектот, која во меѓувреме беше прекината од мостот од населбата Средорек до локалитетот „Водовод“. Општината ќе побара донатори, кофинансиери за третата фаза и порачавме изработка на проектна документација за проширување на постоечкиот мост кај Средорек, изјави Димитриевски.

Најави дека во иднина во стариот градски парк ќе биде изградена пешачка зона и оти паралелно со почетокот на реализација на првата фаза од уредувањето на речното корито на Липковка ќе почне постапката за чистење на речното корито на Кумановка за која општината одвои два милиони денари.

Апелираше до граѓаните да не фрлаат смет во речното корито и најави засилени инспекциските контроли и заедничка акција со МВР. Досега, како што информираше, санкционирани се десетина правни и физички лица.

– Општинските служби не можат да вршат физички 24 мониторинг на овие локации. Депонијата пред населбата „Перо Чичо“ се чистеше петпати за десет месеци и повторно има индивидуалци, дури и организирани групи, кои фрлаат отпад, посочи Димитриевски.

Следната година се планира да бидат зајакнати и капацитетите на јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ и да се обезбедат повеќе средства за ангажирање на агенции за обезбедување кои ќе патролираат на критичните локации.

Би можело да ве интересира

Уапсена е сопругата на докторот кој вчера беше застрелан во Куманово, напаѓачот е во бегство

А1он

Докторот Шаини кој вчера беше ранет во центарот на Куманово е пуштен на домашно лекување

СДСМ бара оставка од Тошковски, вооружените инциденти покажуваат распад на безбедносниот систем

Горан Наумовски

ДУИ го осуди инцидентот во Куманово, бара МВР и Обвинителството да ги идентификува сторителите

Обвинителството за пукањето во Куманово: Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент

Горан Наумовски

Во Куманово е ранет кандидатот за советник во Липково, Зекирија Шахини

Горан Наумовски