Заврши рокот за поднесување кандидатски листи за локалните избори

Од:

Синоќа на полноќ истече рокот за поднесување листи на кандидати за градоначалници и за членови на совети за претстојните локални избори. Државната изборна комисија најави дека утре ќе соопшти официјално кој доставил кандидатури за изборите закажани за 24 март.

Кандидатури за изборите поднесоа ВМРО-ДПМНЕ и другите партии од коалицијата „За подобра Македонија, ДУИ, ДПА, НДП. На локалните избори ќе учествуваат и 29 независни кандидати, а потписи беа собрани и за 95 независни советнички листи. Опозициската СДСМ и неколку други помали партии најавија бојкот на изборите.

Генералниот секретар на СДСМ, Андреј Петров вчера изјави дека најголемата опозициска партија нема да учествува на локалните избори.

– Ние сме партија која е сериозна, која води сметка за она што е кажано и заради тоа одлуката на Централниот одбор на партијата, која беше донесена со консензус е јасна – доколку нема договор за излез од политичката криза, а очигледно е дека нема, СДСМ нема да ги даде листите за кандидати за градоначалници и советници, изјави Петров.

Со соопштенија за бојкот на изборите вчера се огласија и ЛП, ЛДП и Партијата за движење на Турците.

Би можело да ве интересира

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар