Заврши рокот за изјаснување на Управниот суд по тужбите

Од:

Заврши рокот во кој Управниот суд вечерва требаше да одлучи по 142 тужби на политичките партии против одлуките на ДИК за првиот круг од Локалните избори.

Управниот суд ги одби тужбите на ВМРО-ДПМНЕ за прегласување во Кичево, со што изборот на Фатмир Дехари за градоначалник се официјализира.

Одбиени се и жалбите на опозицискиот СДСМ за прегласување во Аеродром, Штип, Прилеп, како и 35-те тужби на ДОМ и четирите на Демократската партија на Турците за Пласница.

Управниот суд го заврши претресот и за тужбите на СДСМ на одлуката на ДИК за поништување на гласањето на три избирачки места во Струмица. Во меѓувреме, се проверува избирачкиот материјал со записниците од трите избирачки места од оваа општина. Одлуката што ќе ја донесат судиите, треба вечерва да биде објавена на веб страницата на Управниот суд, по што ќе се знае дали ќе има прегласување во Струмица.

До Управниот суд беа поднесени 142 тужби, најголем дел 102 од опозицискот „Сојуз за иднината“ предоводен од СДСМ.

Управниот суд е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по приемот на тужбата. Одлуките по приговор и тужбата на Управниот суд се конечни.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември