Заврши реконструкцијата на регионалниот пат Фурка – Дојран

Од:

Реконструкцијата на регионалниот пат Фурка – Дојран во вкупна должина од 3,8 километри заврши со доасфалтирање на преостанатите 1,3 километри. Ја изведе „Македонија-пат“ преку Јавното претпријатие за државни патишта кое за оваа намена инвестираше околу 26 милиони денари.

– Се ќе биде готово за околу една недела. Сите градежни работи се завршени и останува само хоризонталното и вертикално бележење и завршувањето на останатите пропратни сообраќајни елементи, изјави директорот на ЈП за државни патишта Љупчо Георгиевски.

Тој најави дека во соработка со локалната самоуправа веќе се изготвува и проектната документација за рехабилитација на патот Нов Дојран – Николич во должина од 6 километри и коловозна лента широка 5,5 метри.

– Ова е еден од пофреквентните патни правци во општината од големо значење за локалната самоуправа, посебно за Николич. Проектот беше баран од граѓаните и сигурно ќе го помогне развојот на индустријата во ова населено место, нагласи градоначалникот на Дојран Борче Стамов.

Би можело да ве интересира

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

Орце Костов

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

Орце Костов

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

Ана Ололовска

Патот Велес-Градско следната недела ќе биде затворен за сообраќај од 8 до 18 часот

Ана Ололовска