ФОТО: Заврши реконструкцијата на Младинскиот културен центар-Скопје

Од:

Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски денеска ги пушти во употреба реконструираните простории во Младинскиот културен центар.

– Оваа година во МКЦ комплетно се реновира џебното кино со што може да влезе во мрежата на џебни кина на ЕУ. Има 80 столчиња, нови подови, плафон, ѕидови, проектор. Концертната сала доби нова плафонска конструкција. Во киното „Фросина“ по 40 години е заменет подот, а претходно се изведе дигитализација и систем за ладење и греење, рече Трајановски.

mkc-renoviran (2)

Тој информира дека во изминативе три години, од буџетот на Град Скопје и од донаторски средства во обновата на МКЦ се вложени повеќе од милион евра. Досега во МКЦ е заменета покривната конструкција, врати, прозорци, фасада, галеријата на МКЦ е обновена и ставена во функција.

mkc-renoviran (3)

– По 30 или 40 години, МКЦ можеме во полн сјај да им го вратиме на граѓаните на Скопје, потенцира Трајановски. Ги повика скопјани да уживаат во претставите на 38. издание на фестивалот Млад отворен театар кои најмногу ќе се одржуваат во МКЦ.

mkc-renoviran (6) mkc-renoviran (1) mkc-renoviran (5)

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош