Заврши реконструкцијата на асфалтот на Рекорд

Од:

Градот Скопје пред предвидениот рок ја заврши реконструкцијата на крајната сообраќајна лента на улицата Димитрие Чуповски, пред автобуското стојалиште наспроти „Рекорд“, со што сообраќајот на овој потег од денеска се одвива без ограничувања.

Крајната сообраќајна лента на улицата Димитрие Чуповски, пред автобуското стојалиште наспроти „Рекорд“, се реконструираше во должина од 200 метри, пред и по автобуската станица. Оштетениот и вдлабнат асфалт беше изгребан, на делови каде што коловозот беше многу оштетен се санираше и потповршинскиот слој и се нанесе нов асфалт.

Во текот на реконструкцијата на сообраќајната лента кај „Рекорд“ беа нивелирани и постојните шахти и сливници.

Градот Скопје за овој градежен зафат одвои околу 4 милиони денари. 

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан