Заврши работната посета на Димитров на САД, средби со Х.Р. МекМастер, Брендан Бојл и Медлин Олбрајт

Од:

На последниот ден, во рамките од работната посета на Вашингтон, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров оствари средби со советникот за национална безбедност на претседателот на САД – Х.Р. МекМастер, конгресменот Брендан Бојл и со поранешната државна секретарка на САД, Медлин Олбрајт.

На заедничкиот состанок на Министрите за надворешни работи од Регионот со советникот за национална безбедност на претседателот на САД – Х.Р. МекМастер, се разговараше за регионалната соработка, безбедносните предизвици и евроатлантската иднина на Балканот.

„Членството на Република Македонија во НАТО ќе ја зацврсти стабилноста на целиот Балкан, а тоа е заеднички интерес и на Македонија, и на Балканот, и на Европа и на САД” – истакна шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров за време на состанокот со Х.Р. МекМастер.

На средбата со ко-претседавачот на групата за пријателство со Република Македонија во Конгерсот на САД, Брендан Бојл, министерот Димитров побара подршка од Конгресот за реализација на стратешките цели на државата.

Посетата на САД беше заокружена со срдечна средба на МНР Димитров со поранешната државна секретарка на САД, Медлин Олбрајт на која се разговараше за актуелните состојби во Македонија и Регионот, за средбите кои ги оствари во рамките на работната посета на Вашингтон, како и за глобалните политички случувања.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија