Заврши првата фаза од реконструкцијата на булевар „АСНОМ“ во Скопје

Од:

Екипите на Град Скопје, со нанесување на последниот асфалтен слој на коловозот на булевар „АСНОМ“ во Општина Аеродром, викендов ја завршија првата фаза од реконструкцијата на овој булевар, на потегот од крстосницата со улица „Васко Карангелевски“, до крстосницата со булевар „Србија“ кај мостот „Близнак“.

Како што соопшти Град Скопје, проширениот булевар добива по три коловозни ленти во двете насоки, пешачки и велосипедски патеки од двете страни на булеварот и средишно зеленило.

– По завршувањето на оваа фаза, булеварот преку новиот мост, којшто е веќе во изградба, треба да се поврзе со населбата Ќерамидница во Општина Гази Баба, а оттука и Аеродром ќе добие нова сообраќајна релација кон Центар кај поранешен Скопски саем, се додава во соопштението на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче