Заврши рехабилитацијата на спорите ленти на државниот пат Р1401, Валандовско брдо, меѓу Струмица и Валандово, соопштија од ЈП за државни патишта.
Спорите ленти се проширени во должина од 1.176 метри, а проширувањето изнесува tri метри.
За проширувањето на коловозот се потрошени 11,4 милиони денари, обезбедени од буџетот на ЈП за државни патишта.
Работите требаше да завршат до декември лани, но со изведувачот е продолжен рокот и на 30 минатиот месец работите се комплетно завршени.