Заврши општиот претрес по ребалансот на Буџетот во матичната Комисија

Од:

Собраниската Комисијата за финанирање и буџет го заврши општиот претрес по предложениот ребаланс на Буџетот за 2015-та, кој го почна на денешната седница.

Предложениот ребаланс го образложи вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Спорд предлогот, вкупните расходи се проектирани на 188.981.000.000 денари, приходите се предвидени на 166.842.000.000 денари, додека дефицитот е планиран на 3,6 проценти од БДП. Растот на македонската економија е позициониран на 3,5 проценти и е за половина процент понизок од првично планираниот со Буџетот за 2015 година.

Министерот Ставрески рече де остварувањето на Буџетот во првите шест месеци од годината е подобро од очекуваното и дека се прибрани повисоки приходи од планираните кои со ребалансот ќе се преточат во политики, мерки, активности проекти кои се нејавени.

Кратење нема да има на ниту еден буџетски корисник, туку ќе има интензивирање на одрдени проекти кои се приоритетни, како што се гасификацијата, изградба на водоводи и канализации, училишта и слично. Обезбедени се средства и за социјална заштита, односно за предвидените зголемувања на социјалната помош, пензиите, стипендии и слично.

Во расправата поддршка за предложениот ребаланс дадоа пратениците од мнозинството, додека ДПА упати забелешки дека се прави нееднаква распределба по етничка основа.

Лилјана Кузманоска од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека ребалансот значи зголемување и интензивирање на проектите каде е започната активност.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски