Заврши конкурсот за фотографии со мотиви на Скопје, ова се наградените

Од:

На третиот по ред конкурс за избор на најдобра фотографија со мотиви од Скопје што на 15.01.2014 година го распиша Градот Скопје, пристигнаа вкупно 53 пријави, а четиричлената комисија од Град Скопје, по долготрајно и студиозно разгледување на пристигнатите фотографии избра три кои во целост ги задоволуваа критериумите назначени во конкурсот. Пристигнатите фотографии содржеа најразлични мотиви од секојдневието и животот во нашиот град, но повеќето од нив отсликуваа моменти од централното градско подрачје и тоа: Старата скопска чаршија, плоштадот „Македонија“ и градбите од проектот „Скопје 2014“ коишто се најживописни за фотографирање и се во фокусот на авторите на фотографии кои аплицираа на Конкурсот.

Комисијата одлучи да ги награди трите најдобри фотографии на авторите:

1. Зоран Ефремов- 50 000 ден
Stitched Panorama

2. Ламбро Патче- 40 000 ден
SONY DSC

3. Зоран Ефремов- 30 000 ден
Stitched Panorama

Според пропозициите, мотивите на фотографиите требаше да се од Скопје, да се достават фотографии со различни мотиви од главниот град, по избор на доставувачот на фотографиите. По желба на доставувачот, можеше да се доставуваат и дневни и ноќни фотографии. Фотографиите не требаше да бидат постари од 5 години. На Конкурсот можеше да учествуваат професионалци и аматери, односно сите оние кои го сакаат фотографирањето да учествуваат со фотографии од своите приватни колекции. Пристигнатите фотографии се разгледуваа под шифра, за да се овозможи објективност при оценувањето. Се оценуваа фотографии снимени во било која од општините кои се на територијата на градот Скопје. Комисијата оценуваше фотографии снимени во било кој временски период на едно деноноќие и фотографии снимени во било која сезона од годината.

Град Скопје го задржува правото за свои интерни потреби да ги користи наградените фотографии во некомерцијални цели.

Би можело да ве интересира

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он

53-годишен скопјанец се повреди и почина на работното место

Горан Наумовски