Заврши контрапротестот на ГДОМ

Од:

Контрапротестот организиран од ГДОМ пред Собранието предмалку заврши. На контрапротестот насловен „Народот се буди“ со стотици автобуси беа носени граѓани од целата држава.

Контрадемонстрантите пред Собранието бараа да се повлече одлуката за аболиција на Зоран Заев и Зоран Верушевски, одлука која ја донесе Ѓорге Иванов кога аболицираше поранешни и актуелни политичари. Тие исто така бараат изборите да се одржат на 5 јуни.

Според организаторите на контрапротестот, демонстрантите од „Протестирам“, кои веќе две недели протестираат против одлуката на Иванов, ги уништувале убавите споменици, по што, тие побараа да се оддаде почит кон портата Македонија.

Додека ГДОМ со граѓани од целата Македонија протестираше пред Собранието, на протести против аболицијата на Иванов излегоа илјадници скопјани, а протести се одржуваа и во повеќе градови во Македонија.

Би можело да ве интересира

Андонов: Овде не сме да се закануваме

Емир Латифовиќ

Михајловски: За револуција треба народ и еве еден дел од народот

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Пандов со закана до судиите: Ќе дојдеме повеќе и ќе влеземе во судот

(ВИДЕО) Од толку народ што „врие“, мораше да се носи администрација со автобуси во Скопје

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: „Спонтано“ собраните домаќинки на собир пропагираа за ВМРО-ДПМНЕ како ГДОМКИ

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: Исвиркани контрадемонстрантите

Емир Латифовиќ