(ВИДЕО) Пандов со закана до судиите: Ќе дојдеме повеќе и ќе влеземе во судот

Од:

Во минатиот период судската власт е под притисок на СДСМ, невладините организации, Сорос но и од странци. Многу од судиите ни тврдат дека судовите се како Казабланка, повеќе се зборува на странски, отколку на наш јазик, кажа пред судот Александар Пандов од провладиното ГДОМ, за потоа да се закани до судиите да судат како што тој ја замислува правдата.

-Сега, како претставници на ГДОМ, ќе однесеме декларација со којашто им даваме поддршка на судиите и сакаме оттука да им порачаме дека овој пат ќе влеземе само неколку луѓе коишто ќе ја достават таа декларација. Треба да им биде јасно дека во идно време, многу пати повеќе од овие луѓе што сме собрани сега, ќе дојдеме и нема само неколку луѓе да влеземе во судот, туку сите луѓе ќе ги поканиме и да влеземе во судот, исто зашто ова е наш, македонски суд, да ни објаснат зошто под притисок и зошто носат некои одлуки, зошто прават подеднакво равенство меѓу докажани криминалци и луѓе кои немаат ама баш ништо криминално направено во животот“, рече Пандов.

Пред судот немаше полиција ниту специјални полициски единици како што има секогаш кога се одржуваат протести на Шарената револуција.

Би можело да ве интересира

Пандов: Стевче Јакимовски се обидува да го ситни отпорот кон предавниците

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пандов: Бандата далтони составена од Бучковски, Османи, Димитров и Заев ќе одговара за велепредавство

Катерина Ѓуровски

Андонов: Овде не сме да се закануваме

Емир Латифовиќ

Михајловски: За револуција треба народ и еве еден дел од народот

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Од толку народ што „врие“, мораше да се носи администрација со автобуси во Скопје

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: „Спонтано“ собраните домаќинки на собир пропагираа за ВМРО-ДПМНЕ како ГДОМКИ

Емир Латифовиќ